На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље лишија од слобода 52-годишно лице од Скопје.

Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews