Досега, од насилните протести во Скопје кои се случија минатиот петок и сабота, идентификувани се 50-тина лица, меѓу кои и лиоцето ко е го запали автобусот на ЈСП, соопшти МВР. Против нив е веќе поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ Во текот на вчерашниот ден, 20 од нив беа изведени пред надлежен Истражен судија кој на неколкумина им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена, информираат од МВР.
До министерството за внатрешни работи сеуште нема формална пријава ниту за протестите кои преку социјалните мрежи се најавуваат и за утре. Сите групи на Фејсбук преку кои се повикува на овие протести се следат и врз основа на оперативните сознанија и информации ќе бидат преземени сите мерки и активности против оние кои би предизвикувале или би учествувале во какви било инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир, велат од полицијата,
МВР повторно апелира граѓаните да покажат висока свест и да не дозволат да бидат манипулирани и вовлечени во нечии сценарија бидејќи секое незаконско однесување ќе биде најостро санкционирано.












