Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски, информираат од Општина Охрид.
На средбата било разговарано за остварување на соработка во повеќе области, а акцентот бил ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид.
Соговорниците се сложија дека веќе постоечките чешки инвестиции низ државата, а и во Охрид имаат одлични услови за создавање на бизнис. За таа цел беше разговарано за организирање посета од страна на чешка делегација во Охрид, која би била предводена од претседателот на економскиот совет при чешкиот парламент, пред која ќе бидат претставени можностите и условите што Охрид ги нуди за инвестирање, велат во соопштението.
Потенцирано било дека општината и конзулатот негуваат добри односи и се разгледуваа можности за нивно издигнување на повиско ниво.
OhridNews