Во завршна фаза се градежните работи за доизградба на манастирските конаци од верскиот храм Горни Св.Спас во Вевчани, што се наоѓа на 1300 метри надморска височина.
Дозиградбата на конаците се врши со средства кои се донација на АД МЕПСО. Од страна на Локалната самоуправа е најавена изградба и на видиковец под 25 метарскиот крст кај црквата, со што како што потенцираат во Вевчани, ова ќе стане едно од најпосетуваните локации во општината, пријатно излетничко место за одмор и релаксирање на посетителите.
OhridNews