Од локалната самоуправа потсетуваат дека преостануваат уште три дена до завршувањето на јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година.

На повикот можат да конкурираат здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади, традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер и различни видови активности на лица со посебни потреби.

Заинтересираните своите апликации можат да ги достават заклучно со 11.02.2016 година.

OhridNews