Привршуваат градежните работи кај новиот кружен тек на пресекот од улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“.
Кругот е со дијаметар од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден непречен проток на патнички и товарни возила во овој дел од градот. На кружниот тек е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и истиот е хортикултурно уреден. Градежните активности ги реализираа охридските јавни претпријатија „Нискоградба“ и “Охридски комуналец“, а финансиската конструкција е на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа.
Оттаму, додаваат дека штом дозволат временските услови, надлежните служби ќе извршат одводнување на токот, нивелирање на шахтите и асфалтирање на целиот круг.
OhridNews












