Градежните активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „7ми Ноември“ привршуваат.
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков по извршениот увид на активностите на терен вели дека тие се одвиваат според предвидената динамика.
Во моментов се прават приклучоци за атмосферска канализација со пресеците на улиците „Егејска“, „Кленоец“ и „Васил Главинов“, додека паралелно со тоа се одвива и спуштањето на каблите под земја, додава Пецаков.
Во наредниот период, потенцира, предвидено е да започнат активностите за изградба на тротоарските површини.
OhridNews