При крај се подготовките за годинешното, најново издание на манифестацијата Прличеви беседи што во организација на Центарот за култура, традиционално, се одржува секоја година по повод годишнината од смртта на охридскиот писател и преродбеник Григор Прличев.

На пригодна свеченост која ќе се одржи на 5- ти вефруари во изложбениот салон на центарот, ќе му биде доделена наградата за најдобра поема„ Григор Прличев“  за 2012 на годинешниот добитник, македонскиот писател и поет Веле Смилевски, за неговата поема „Век на самување“. Смилевски ќе добие репродукција на Ловоровиот венец, а фрагменти од неговата поема ќе читаат актери од охридскиот Народен театар.

Наградата „Григор Прличев” е востановена на иницијатива на македонскиот писател  Петре Бакески и од страна на Центарот за култура и издавачката куќа Детска радост се доделува во чест на Прличев кој во 1860 со поемата „Сердарот“ на грчки јазик (О Арматалос) победил на анонимен конкурс во Атина и го добил епитетот Втор Хомер.

На годинешните „Прличеви беседи“, кои ќе се одржат од 4 до 6 февруари,  најавено е и присуство на десеттина писатели од Друштвото на писатели на Македонија кои ќе се претстават со свои дела. Предвидени се промоции на дела од неколку автори, а ќе се одржи и традиционалната Охридска визита.

OhridNews