Привршуваат подготовките по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици. Ова беше денес констатирано на координатиовниот состанок кој се одржа во просториите на Општина Охрид.
Од утре започнува китењето на централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња. Викендов е исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст, велат од Општина Охрид.
На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро.

OhridNews












