Во пресрет на празникот, Богојавление-Водици, градоначалникот, Јован Стојаноски денес одржа работен состанок со организациониот одбор. На средбата се разговараше за обврските на инволвираните институции во насока на успешно реализирање на настанот. Прославата на Богојавление-Водици на 19-ти јануари ќе започне во раните утрински часови со богослужби во сите парохиски цркви. Годинава големиот богојавленски водосвет, фрлањето на крстот ќе биде од градското пристаниште.
За безбедноста на сите охриѓани кои ќе скокаат во езерските води ќе бидат ангажирани спасители на вода, нуркачки и медицински тимови. Во духот на христијанската вера и обичаи, среќниот фаќач на крстот ќе биде даруван од градоначалникот Стојаноски со икона, а МПЦ ќе му подари златно ланче со крст.
Наредниот ден, 20 јануари на Сараиште ќе се одбележи Денот на рибарите. Традиционално, рибната чорба ќе ја подготвуваат учениците од СУТУ „Ванчо Питошески“. Организатори на манифестацијата се општина Охрид и Македонската Православна Црква.
Настанот се очекува да биде проследен од бројни гости и медиумски куќи.
OhridNews













