На 85 издание на фестивалот за краток документарен филм, што се одржа под покровителство на UNICA во Бирмингем, Англија, од 17 до 22 Август, во конкуренција на 80 краткометражни филмови од 24 земји, беа прикажани и три филмови од Македонија, два од нив на охридски автори.

На фестивалот беа прикажани филмовите „Киното Охридско Езеро“ на Љупчоп Паункоски, „Страсна недела“ на Томе Љушев и краткиот аматерски фил „Црвени рози“ на Петар Чаповски. Сите три филма влегоа во официјална конкуренција и добија дипломи.

Годинава на Златен медал не беше доделен, повеќе фимски остварувања се закитија со сребрено и бронзено одличје, меѓу кои едно за филм од регионот.

Признанијата за филмските остварувања на кратките филмови на охридските автори Паункоски и Љушев се последни во низа кои авторите ги добија изминатите години за нивните остварувања со кои настапија на повеќе домашни и меѓународни фестивали.

Г.М.