Низ серијал стории ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12. издание на Годишната ревија на настани.
Уметноста на академскиот сликар Јордан Манасијески кој во 2025 година одбележа 55 години уметничко творештво, отвора нови димензии. Таа патува низ времето и просторот. Неговото сликарство допрва ќе биде предмет на проучување, смета критиката. Тоа е дел од една сериозна творечка вертикала на ова поднебје, создавајќи нова галаксија осветлена од светлината која извира од длабочината на неговите слики.
Творештвото на уметникот Јордан Манасијески не обврзува како општество да продолжиме со презентирање и промоција на неговото дело, а во таа насока радува што идејата за основање на институт за анализа на неговото сликарство е веќе родена, како предвесник на идејата за музејски простор, во кој би било достапно целокупното негово творештво.
Уметноста на Манасијески кој се смета за еден од најголемите културни амбасадори на Охрид, е претставена во Токио, Њујорк, Венеција, Фиренца, Париз, Верона, Палермо… Тој е добитник на награди од повеќе уметнички центри, меѓу кои интернационалната „Микеланџело“, на биеналето на нациите во Венеција, од Јапонската асоцијација на современа уметност и други.
Охрид и охриѓани се благословени што го има големиот Јордан Манасиејески – врвен уметник кој создава безвременски дела преку кои не препознава светот.
Охридњуз му додели Признание за трајни вредности на ликовниот уметник Јордан Манасијески.
Признание за трајни вредности за Јордан Манасијески – Уметникот кој создаде нова галаксија
Што ја одбележа 2025 во Охрид, погледнете во Годишната ревија на настани на Охридњуз.
OhridNews














