Со пригодна  свеченост што се одржа синоќа во хотелот „Маркони“  во Св. Наум, „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје – Друштво за неживотно осигурување,  одбележа две години успешно работење, додека „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје -Друштво за животно осигурување одбележа 6 години работа како дел од  групацијата „Croatia Osiguranje d.d.“.


На присутните им се обрати  претседателот  на Управниот одбор на „Croatia Osiguranje d.d.“ Загреб, Здравко Зринушиќ  кој се заблагодари за досегашната успешна соработка.


На свеченоста беа доделени признанија за најуспешните продавачи во интерната и екстерната продажна мрежа на „Кроација Осигурување“. Признанието за најдобра интерна продажба за 2010/11 година го доби Ѓоко Танасоски, одговорно лице во претставништвото на „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“  – Друштво за неживотно осигурување – Охрид.


-Две години е релативно краток период за работење на една осигурителна компанија. Со оглед дека почнавме од почеток сосема задоволително работиме и се гледа дека има иднина во Охрид, а „Кроација осигурување“ ќе заземе значаен дел од пазарот во осигурителниот бизнис.-изјави Ѓоко Танасоски, додавајќи дека  прославата на двегодишнината од работењето на  „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје – Друштво за неживотно осигурување  во Охрид претставува своевидно признание и поттик за понатамошна уште поуспешна работа на охридската подружница на компанијата.


Признание за успешна работа на охридската подружница на „Кроација Осигурување“

Танасоски смета дека осигурителниот бизнис кој забележа пад во работата во изминатиот период поради светската економска криза, полека закрепнува и очекува враќање на интензитетот на осигурување на нивото пред кризата од пред две години.


Свеченоста беше збогатена со културно-забавна програма и голем огномет над Охридското Езеро.

OhridNews