Краткометражниот филм „Да почнеме од нас“ на учениците од ОУ „Григор Прличев“ ќе биде премиерно прикажан денес во Младинскиот Центар Охрид.
Кога децата ќе го претстават нивното секојдневие низ нивното гледиште, кога ќе ги сфатат грешките и кога ќе учат од нив, тогаш сте сигурни дека тие го трасираат вистинскиот пат. За прв пат во нашето училиште, краток филм на тема булинг, различности и непочитување. За прв пат во нашето училиште децата ги толкуваат главните на нивниот секојдневен тек, велат од училиштето.
Режијата, монтажата и сценариото на филмот е дело на Претседателот на ученичкиот парламент, генијалниот Иво Георгиески, ученик во ОУ „Григор Прличев“ Охрид, а улогите ги толкуваат неговите соученици Ана Марија Цветковиќ, Ана Илоска, Руждие Асан, Елена Веруш, Софија Мирческа, Фросина Белистојаноска, Анастасија Настеска и Славица Мојсоска. Учениците работеа под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска.
Од училиштето упатуваат повик до наставниците и ученици, родителите/старатели и семејства да дојдат сите заедно да видат сцени кои, како што велат „ќе ни го сменат за миг нашето гледиште кон денешницата“. Проекцијата е закажана во 13:30 часот.
OhridNews