МЈП-Проаква Р.Е.Водовод – Охрид ги известува сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем дека согласно измените во Законските одредби редовно се врши постапката за наплата на неизмирени обврски за искористена услуга од водоснабдување преку нотари и извршители.

Исто така се известуваат сите правни лица дека нашите мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат добиено претходна Опомена пред исклучување , а не ги имаат измирено сопствените обврски спрема давателот на услугата МЈП-Проаква.

Трошоците за исклучувањето и повторно приклучување ,согласно Законските одредби , ќе ги сноси корисникот на услугата.

OhridNews