Примената на пробиотици е поврзана со помал ризик од благи инфекции кај децата од предучилишна возраст.
Пробиотиците или добрите бактерии, всушност се живи микроорганизми кои имаат одлично влијание врз здравјето ако се применуваат во адекватни количини, се согласуваат научниците.

Мексикански научници спровеле тримесечно истражување за да го утврдат делувањето на бактеријата Lactobacillus reuteri DSM 17938 врз здравјето на децата и заклучиле дека значително го намалува ризикот од дијареа и респираторни инфекции на децата од предучилишна возраст.
Примероци се собирани од 336 деца помали од 3 години, и анализата покажала дека превентивниот потенцијал на пробиотиците не е само празна приказна.
Уште повеќе, позитивното влијание продолжило и откако децата престанале да ги примаат пробиотиците,затоа научете ги своите деца да пијат јогурт со пробиотици.