Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер се соочи со нов проблем пред дуелот со Манчестер Јунајтед откако од комбинација поради повреда отпадна Алекс Окселејд Чемберлејн.
Повредата и отсуството на англискиот репрезентативец го потврди францускиот стручњак на официјалната пресконференција. – Го изгубивме Чемберлејн на неколку недели, и тоа е наш голем проблем и хендикеп моментално.
22-годишниот фудбалер се повреди на мечот со Барселона во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони. Тој принудно играта ја напушти во 50-та минута и на негово место влезе Тео Волкот.
Според првите прогнози англискиот репрезентативец ќе ги пропушти мечевите со Манчестер Јунајтед, Свонси, Тотенхем и Вест Бромвич Албион во Премиер лигата, реваншот со Барселона во ЛШ и со Хул во рамките од ФА Купот.
Пред дербито на Олд Трафорд в недела во 15 часот „топчиите“ заостануваат два бодови од лидерот на табелата Лестер и неопходна им е победа против големиот ривал за продолжување на трката за титулата.
OhridNews











