Аргентинскиот напаѓач со двојно државјанство Пабло Освалдо и официјално е нов играч на Бока Јуниорс откако Интер го избрка поради недисциплина.
Освалдо сигурно нема да жали за неуспешната авантура во Интер бидејќи за аргентинските медиуму изјави дека со преселувањето во Бока си го остварил детскиот сон.
Интер против Освалдо покрена дисциплинска постапка по караница среде натпревар со Икарди на дербито со Јувентус во Калчолигата.
Аргентинецот своите најблескави моменти ги имаше во Еспањол и Рома, а имаше и неуспешни авантури како трансферот во Јувентус, Саутемптон и овој во Интер.
Ohridnews