Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед турнејата во Соединетите американски држави (САД) ја започна без чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез. На офанзивецот не му била издадена потребната виза за патување поради пресудата која ја има во Шпанија.

Алексис Санчез во 2013 година од шпанскиот суд добил условна казна од 16 месеци поради затајување на данок во висина од 980 000 евра. Оваа пресуда моментално го кочи Чилеанецот кој самостојно тренира во базата на „ѓаволите“.

Адвокатите на фудбалерот и клубот работат на средувањето на потребните документи без кои не ќе може да им се приклучи на останатите фудбалери, кои, почнаа со тренинзи во САД.

 

Манчестер Јунајтед на турнејата ќе одигра контролни натпревари со Сан Хозе, Милан, Ливерпул и Реал Мадрид.

OhridNews