Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс го прекина тренингот поради настина ден пред финалето на Австралија Опен.


Во првото гренд слем финале годинава Американката ќе се сретне со руската убавица Марија Шарапова и ќе атакува на 19-та титула од големи турнири.

Скоро цела недела рекетот број еден во женска конкуренција се мачи со настинката, а не сака да ризикува со настапот во финалето.

– Имав лош почеток на денот. Не се осеќав добро и затоа го прекинав тренингот – рече Вилијамс.

Финалето во женска конкуренција ќе се одржи в сабота сабајле во 9:30 часот.

Мх.П.