Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ќе се врати во стројот на Интер и ќе биде во комбинација за дуелот со Џенова кој се игра утре во рамките од 30-та рунда во италијанската Серија А.
Икарди речиси два месеци не беше дел од екипата. Првично одби да игра поради одземање на капитенската лента, а потоа се пожали на повреда, која клубот експресно ја демантираше. Проблемите помеѓу фудбалерот и клубот се надминати, а допрва двете страни треба да седнат и да се договорат што понатаму.
Неизвесност останува дали Икарди ќе започне од првата минута или тренерот на „нероазурите“, Лусијано Спалети ќе го уфрли во игра од клупата. Бодовите од дуелот со Џенова се од големо значење за Интер кој се бори за пласман во ТОП 4 на табелата во калчо лигата.
OhridNews