Заедниците на помалите етнички заедници во Република Македонија деновиве поднесоа претставка до Народниот правобранител во врска со објавениот јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи кои ќе вршат работи поврзани со Пописот  2011,  каде не било предвидено ангажирање на припадниците на  другите  етнички  заедници.
     

Подносителите  посочуваат  дека  е  повредено начелото  на  соодветна  и  правична  застапеност,  како  и  начелото  на недискриминација  во  однос  на  објавениот  конкурс за реонски попишувачи. Поради тоа тие бараат интервенција од Народниот правобранител, кој, како што информираат иницијаторите на претставката, побарал одговор од надлежните институции да ги образложат причините  поради кои припадниците на другите етнички заедници во Република Македонија кои претставуваат дел во вкупниот број на жители на територијата на  дадената општина, не можат да се пријават на објавениот конкурс, поради што се чувствуваат дискриминирано.

Под мотото “Стоп за дискриминацијата“ припадниците на етничката заедница Египќани деновиве во Охрид одржаа мирен протест на кој побараа вклучување на претставници на оваа и другите помали етнички заедници во Државната пописна комисија.

OhridNews