Постоечките прописи со кои се третира проблемот со бездомните животни во Охрид се несоодветни и недоволни, смета Здружението за заштита на животните „Анималиа“. 

-Во случајот на град Охрид, проблемот со бездомните животни е опфатен во Одлуката за комунален ред. Сметаме дека тоа е премалку за серизоно да се опфати проблематиката со бездомните животни, а и тие малку членови содржани во одлуката неопходно е да претрпат измени и да се прошират. Ќе напоменеме дека од старт се прави една огромна грешка, со тоа што точка 8 носи наслов „Ерадикција на животни скитници“. Ерадикцијата значи тотално уништување, а и терминот „скитници“ поради неговата пејоративна конотација мора да биде заменет со терминот „бездомник“.- забалежуваат од „Анималиа“.

Невладината организација најави дека подготвува своја Предлог одлука во која се нуди едно поинакво решение за справување на проблемот со бездомните животни во општина Охрид.

Во таа насока Здружението за заштита на животните „Анималиа“ од Охрид, во партнерство со здруженијата „Анима Мунди“ од Скопје, „Гласот за животните“ од Велес, „Мали Херои“ од Битола и „Animal world“ од Струга, започнува со реализација на проектот „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ!“, кој е овозможен и поддржан од УСАИД и Фондација Отворено општество – Македонија. 

-Целта на овој проект е ние како здруженија за заштита на животни, а со тоа и како субјекти кои се поупатени во проблематиката со бездомните животни, да им излеземе во пресрет на општините во Р. Македонија при изготвувањето на Програми за контрола и надминување на проблемот со бездомните животни, како и дефинирање на Одлука за правата и обврските на сопствениците на животни.-информираат од „Анималија“. 

OhridNews