Запазувајќи го трендот на осовременување на начинот на одржување на хигиената во градот, Ј.П.”Охридски Комуналец” набави два прес контејнери кои се поставени на две најфреквентни локации во градот: во населба “Христо Узунов” и ул.”Богомилска”.

Контејнерите се поставени токму на овие локации поради проблемите во изминатиот период околу одржувањето на хигиената , а како резултат на проблемите при подигнување на отпадот од контејнерите.


Пристапот до контејнерите ни беше ограничен по два и повеќе денови. Поради големата населеност во овој дел од градот, за многу бргу време контејнерите се прполнуваа, многу често се фрлаше градежен шут, зелен отпад, се ширеше непријатна миризба, а во близина има детско игралиште. Од тие причини набавени се прес контејнери кои поради адмнистративни процедури не можевме да ги ставиме во функционалност подолг период, а од 1- ви јули граѓаните кои живеат во овој дел од градот може да го осетат бенефитот од истите, велат од ЈП Комуналец.


Прес контејнерите се статични и претставуваат современ начин на собирање на отпадна хартија, картон, пет амбалажа, пластика, органски отпад и сл., со нивно пресовање, со што се остварува голема заштеда како во капацитетот на традиционалните контејнери за смет, така и во транспортните трошоци. Превозот и празнењето се врши со возило со самоподигач, а покрај другите предности кои ги имаат овие прес контејнери се што се подобруваат хигиенско-санитарните услови, нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот.Покрај прес контејнерите се поставени контејнер за пластика и контејнер за хартија, со што се врши селекција на отпадот.

OhridNews