Парче торта од венчавката на принцезата Дијана и принцот Чарлс од пред триесет години нашла купувач.
Новозеланѓанката Катрина Гринслејд го наследила парчето торта од својот татко, наредник на новозеландската војска, кој го добил своето парче откако делови од гигантската торта биле испратени ширум светот во земјите на комонвелтот.


Аукцијата за скапоценото парче се одржала на аукциската страница Trade Me, а заинтересирала дури 40 илјади луѓе. На крајот тортата отишла кај натпреварувачот со ник Пол, кој понудил 380 новозеландски долари.