Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша.

Посебен акцент ставивме на можностите за заедничка проектна апликација на претстојниот повик од програмата, во насока на унапредување на капацитетите за противпожарна заштита и подобрување на подготвеноста и одговорот при пожари на отворено. Во духот на добрата соработка, договоривме и моја возвратна посета на Либражд, каде што ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу двете општини, вели Пецаков.
OhridNews













