Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша.

На средбата било разговарано за можностите за продлабочување на соработката меѓу Охрид и Либражд, особено преку реализација на заеднички проекти и искористување на можностите што ги нуди ИПА III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија 2021–2027.

Посебен акцент ставивме на можностите за заедничка проектна апликација на претстојниот повик од програмата, во насока на унапредување на капацитетите за противпожарна заштита и подобрување на подготвеноста и одговорот при пожари на отворено. Во духот на добрата соработка, договоривме и моја возвратна посета на Либражд, каде што ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу двете општини, вели Пецаков.

OhridNews