Поради големиот интерес на граѓаните, а краткиот рок за аплицирање, владата го продолжи рокот за поднесување апликации за проектот „Купи куќа, купи стан“ за три месеци, односно до 31 мај годинава.

Како што информира министерот за финансии, Зоран Ставрески, новина е и што на месечна основа ќе се одобруваат барањата за субвенциониран кредит, како и тоа дека кај доградбите нема да треба да се врши пренос на сопственост од родител на дете туку само со право на градење кај нотар ќе може да се поднесе барање за субвенциониран кредит.

За доградбите Ставрески посочи дека има два услова за учество во проектот, а тоа е да се решава по првпат станбеното прашање и дека ќе може да се учествува само со договор за пренос на правото на градење од родител на дете.

Апликациите може да се поднесат во осумте банки учеснички во проектот.

OhridNews