Од Секторот за туризам и Локален Економски Развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството при  Општина Охрид, ги информираат сите заинтересирани  физички и правни лица,  согласно измените од Законот за земјоделско  земјиште,  дека рокот за поднесување на барања за потврдување на помошен објект, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи бесправно изградени на земјоделско земјиште е продолжен до 31.07.2014  година.

Со измените на овој Закон опфатени се објектите изградени пред 14 Февруари 2011 година на земјоделско земјиште и тоа:Оранжерии за производство на производи од растително потекло, вклучително и простории за сместување на опрема за одржување во заштитен простор;Помошни објекти – градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, чување на земјоделска механизација и опрема, храна за животни и за времено сместување на земјоделски производи;Објекти за примарна обработка на земјоделски производи-градби за одгледување на добиток и риби, за сместување на опрема за оджување на квалитетот на водата и животната средина, за преработка на примарни сточарски производи и риби, за складирање, чување и пакување на примарни земјоделски производи, за производство на вино, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија и кланички капацитет.

Барањата  се поднесуваат  до Општина Охрид заклучно со 31.07.2014  година. Заинтересираните  лица да се обратат до Канцеларијата за стручна  поддршка на развојот на земјоделството при Секторот ТЛЕР.

OhridNews