Поради зголемениот  интерес и на барање на потенцијалните  апликанти, општина Охрид објавува дека до 30-ти овој месец до 16 часот, се продолжува  крајниот рок за доставување на предлог-  проекти, по Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2014 година.

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

Деталите за начинот на пријавување и процедури коишто треба да се следат, заинтересираните лица можат да ги најдат на интернет страната на локалната самоуправа.

OhridNews