Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за поднесување на барања за користење средства од програмата ИПАРД 2007-2013 година до 17 идниот месец.

Останатите делови од јавниот оглас остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk . Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се овозможи ефикасно искористување на средства од програмата ИПАРД 2007-2013.

Вкупниот износ на финансиските средства од оваа програма изнесува 24.320.000 евра. Од нив 75% ќе се обезбедат од фондовите на Европската Унија, а 25 % ќе ги обезбеди Владата на Р.М.

Ohridnews