Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино го продолжија рокот за пријавување на екипите до 10 август, а поради тоа е поместен и почетокот на турнирот, кој наместо на 8 август ќе започне на 11 август.

Одлуката е донесена со цел да им се овозможи на што поголем број заинтересирани екипи да го потврдат своето учество на 28. издание на еден од најпрепознатливите турнири во мал фудбал во регионот.

Котизацијата за учество останува 5.000 денари, а годинава е обезбеден награден фонд од 350.000 денари. Победникот ќе освои 200.000 денари, второпласираната екипа 100.000 денари, третото место носи 40.000 денари, а четвртопласираната екипа ќе добие 10.000 денари. Ќе бидат доделени и традиционалните индивидуални признанија за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман на турнирот.

За пријавување и дополнителни информации заинтересираните екипи можат да се обратат на телефонските броеви 075 811 845 (Даниел) и 075 977 961 (Никола).

Организаторите очекуваат и годинава силна конкуренција, атрактивни натпревари и исполнети трибини во Волино, каде турнирот со децении претставува еден од најзначајните спортски настани во летниот период.

OhridNews