Рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок), информираат од Општина Дебрца.
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на Општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; или копија од имотен лист; или копија од договор за закуп).












