Продолжен рокот за учество на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“
16.03.24 13:27
По повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина, Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ распиша неколку конкурси за учество на ученици од основно и средно образование.
Конкурсите се однесуваат за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија и тоа за најдобра поетска творба (две категории: основно и средно образование) на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, конкурс за најдобар есеј (две категории: основно и средно образование) на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, конкурс за најдобар рецитатор (една категорија: средно образование) со напомена да се сними видео со рецитирање на првото пеење од поемата „Сердарот“ и конкурс за најдобар оратор (една категорија: средно образование) каде говорот не треба да е подолг од 5 минути и да се испрати текстот од говорот на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев.
Од Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ информираат дека рокот за учество на манифестацијата е продолжен.
Продолжен е рокот до 22 март 2024 г. за учество на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ која ќе се одржи на 30 март (сабота), а резултатите ќе бидат објавени на 25 март, велат.
Додаваат дека творбите може да се испраќаат на електронската пошта: [email protected]
со следните податоци: име и презиме на ученикот, одделение/клас, училиште, ментор и контакт.
Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основополож...
Денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 20 степени Следува период на променливо обл...
На 25092026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознак...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.