Иако студиото „Амазон“ смета дека серијата е успешна и дека гледаноста ќе расте, според податоците и според познавачите, „Господар на прстените: Прстените на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power) има огромно намалување на гледаноста во САД.

Според наводите, 37 отсто од луѓето кои почнале да ја гледаат ТВ-серијата, ги гледале сите епизоди до крај. И покрај тоа, раководителката на „Амазон“, Џенифер Салке не се согласува дека тоа е неуспех.

Оваа желба да се прикаже серијата како нешто помалку од успех – тоа не одразува каков било разговор што го водиме внатре, истакнаа таа.

Продуцентите притоа најавуваат побомбастична втора сезона.

Ќе биде поостро, поинтензивно, а можеби и малку пострашно. Се разбира, има многу други опсези што може да ги најдете во серијата, за коишто сметаме дека се навистина фундаментални за чувството да се биде во „Средната Земја“. но кога Саурон (негативецот и главното изненадување во првата сезона, б.п.) е во движење и работи на своите планови, работите стануваат прилично интересни, изјави извршната продуцентка Линдзи Вебер.

Приказната во оваа серија е сместена илјадници години пред „Хобитот“ и оригиналната трилогија Господар на прстените“. Продукциската куќа „Амазон“ потроши 250 милиони долари само за правата за адаптација и уште 465 милиони за снимање на првата сезона. Според тоа, ова е најскапа серија во историјата.

OhridNews