Фудбалерите на Јувентус со минимални 1-0 го совладаа тимот на Милан во финалето од Купот на Италија кое се одигра на Олимпико во Рим.


Регуларниот дел од финалето заврши без голови 0-0, а победникот се одлучи во дополнителните триесет минути. Стрелец на голот вреден титула во 110-та минута беше Алваро Мората кој две минути претходно влезе во игра.


Со титулата од Купот, „бјанконерите“ ја продолжија доминацијата во италијанскиот фудбал откако го освоија и Скудетото една недела претходно.

OhridNews