Женскиот ракометен клуб Вардар не успеа да се искачи највисоко на европскиот ракометен трон претрпувајќи пораз од Ѓер 31-30 во финалето во Лигата на Шампиони после продолженија, откако регуларниот дел од мечот заврши без победник 26-26 (15-12).
„Црвено црните“ во текот на шеесетте минути констатно беа во негивата, но нападот за победа им припадна токму нив кој не го реализираа.
Во дополнителните десет минути унгарскиот состав отвори со 3-0 за водство 29-26. „Вардарки“ до финишот на првите пет минути стигнаа до 29-28.
Ракометарките на Ѓер подобро се снајдоа во решавачките пет минути и ја задржаа предноста која им донесе европска титула.
„Црвено црните“ сезонава направија чекор напред за разлика од минатите три сезони кога настапите на Ф4 турнирот ги завршуваа во полуфиналето.
Во пресрет на големото финале во малото составот на Букурешт го освои бронзениот медал совладувајќи го Будуќност со 26-20.
Фото:24ракомет.мк
OhridNews