Од денес до четврток, шалтерите на Управата за јавни приходи ќе работаат со продолжено работно време, од 8.30 до 20 часот.

УЈП го продолжи работното време со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не ја исполниле законската обврска за поднесување на годишна даночна пријава.

Крајниот рок за поднесување на годишна даночна пријава е 15 март.

OhridNews