Директорот на охридската општа болница Љубен Арнаудов, изјави дека очекува да биде запазен предвидениот рок, посочувајќи дека пред се најважно е да се изгради квалитетен објект.
-За да се надополни загубеното време истовремено ќе се работи на повеќе позиции, но во многу динамиката ќе зависи и од временските услови. –истакна Арнаудов.
Тој рече дека квалитетот на изведените работи ќе го проверува Институтот за земјотресно инженерство од Скопје, а инвеститорот ќе ангажира дополнителна работна сила со цел да се забрза изградбата.
Арнаудов информираше дека додека не заврши реконструкцијата на старото болничко крило, охриѓани ќе продолжат да се лекуваат во здравствените установи во Струга, Битола и Скопје, со кои била договорена соработка.
Во меѓувреме продолжува истрагата во врска со досега изведените градежни работи, за кои бил прикажан трошок од 400.000 евра. Од охридската општа болница велат дека целиот случај сега е во рацете на истражните органи кои треба да ги проверат изнесените податоци.
Проектот за реконструкцијата на охридската општа болница, кој предвидува и опремување со најсовремени медицински апарати, гасификација и комјутеризација на установата, според проценките ќе чини околу 2,6 милиони евра.