Пливањето во Македонија дефинитивно оди во непосакуван колосек. Едната од двете паралелни фракции во Пливачката федерација на Македонија предводена од Александар Маленко организира Зимско државно првенство 3 и 4 март во Куманово. Втората фракција водена од Дарко Нешков апелира за трпение и организација на национално првенство кога ќе се завршат потребните документации во Централен регистар.

– Пливачка Федерација на Македонија со огромно задоволство ве поканува на Зимско Државно Првенство во пливање за сите категории во поединечна и екипна конкуренција. Чест за домаќин за првпат во историја ќе ја има град Куманово, на Градски Базен 03 и 04.Март 2018 (сабота и седела) претпладне од 9 часот и попладне од 17 часот, кога ќе биде и свечено отварање од страна на Градоначалник на Куманово Г-дин Максим Димитриевски заедно со Претседателот на ПФМ Г-дин Александар Маленко. Напомена, за првпат после 15год пливачите се ослободени од плаќање стартарина !

Секој пливач кој има желба да настапи, а е спречен заради забрана (нема никаква правна основа)од клубот со закана под суспензија, ПФМ дозволува да настапи под МКД референца со официјално признат резултат и освоено место. – стои во соопштението потпишано од Александар Маленко.

Продолжувањето на агонијата и неизвесноста не оди во прилог ниту на пливањето, ниту на спортот, најмалку на пливачите кои се „казнети“ поради немање на минимални услови, а и сега, бидејќи не знаат кој крај да го фатат односно дали да учествуваат или не.

OhridNews