Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид. Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена изложбата на уметнички дeла „Созерцанија“ од Томислав Танески.
Утре во 11:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од Народно-ослободителната борба во Градскиот парк, пред зградата на Основен суд Охрид, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта.
OhridNews













