Во село Мешеишта продолжува доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години, информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти, посочува.
Претходно оваа година, потсетува Ногачески, беа изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, и 16 ревизиони шахти, за што беа инвестирани 2.614.262 денари од кои 2.500.000 обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари од Буџетот на општината за 2024.
Според тоа, во текот на оваа година за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта општината инвестира вкупно 6.802.682 денари или околу 110.000 евра. Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци, потенцира Ногачески.
OhridNews