Доминацијата на Јувентус во италијанскиот фудбал продолжи, откако синоќа „старата дама“ ја осигура осмата титула во низа во Серија А.

„Бјанконерите“ теоретски трофејот го обезбедија после триумфот над Фиорентина 2-1. „Виолетовите“ покажаа заби на дуелот со Јувентус, но домаќините не дозволија расипување на славјето и победија за фешта на стадионот.

Јувентус е најтрофеен клуб во „калчо“ лигата со 35 титули, а последни осум сезони поминуваа комплетно во знакот на „старата дама“. Голема битка до крајот на сезоната се очекува за пласман во ТОП 4 и за опстанокот во италијанската елита.

OhridNews