Петок и сабота, 23 и 24-ти мај, на градскиот плоштад во периодот од 12 до 18 часот, продолжува донаторската акција на Ротаракт клубот Охрид и навичката група „Рибари“.

Уште од првиот ден на донаторската акција, на членовите на “Ротаракт Клубот Охрид”, спонтано, со иста идеја и цел им се придружи и навивачката група “Рибари” од Охрид, кои несебично, посветено и искрено се заложија за реализирање на оваа акција, па поради заемно пројавената желба за продолжување на донаторскиот настан, а и поради придонесот и заинтересираноста на граѓаните за продолжување на периодот за донации, акцијата се продолжува во наредните 2 дена.“ – велат од Ротаракт клубот Охрид.

Инаку, на пунктот на градскиот плоштад, во изминатите три дена охриѓани донираа вода, основни средства за хигиена, облека, обувки, конзервирана храна и парични средства.

OhridNews