Продолжува хуманоста на најмладите охриѓани. Со свои донации во одбележувањето на Неделата за борба против гладта се вклучија и учениците од основното училиште „Христо Узунов“.
Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена и и облека.
За хуманиот гест, директорот на училиштето Тони Симоноски упати голема благодарност до учениците, родителите и колегите.
OhridNews











