Од министерството за образование и наука информираат дека продолжува набавката на интерактивни табли за училиштата. Годинава ќе се распределат 20 интерактивни табли во 20 училишта. Инвестицијата чини 3 милиони денари.

– Министерството за образование и наука со одлука на Владата се обврза секоја година да набавува интерактивни табли во вредност од три милиони денари за потребите на училиштата. Во изминатите две години реализиравме набавка на 100 интерактивни табли за современ пристап во изведувањето на наставата, рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Проектот за опремување на училиштата со овој вид информатичко-комуникациска технологија Владата и МОН го почнаа пред две години со цел да се модернизираат условите за настава и да се развијат ИКТ-вештините на учениците.

OhridNews