Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првиот квартал од годинава умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во однос истото тримесечје од 2021.
Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во првото тримесечје од 2022 година во Охрид се родени 95 деца, а починати се 258 лица, додека во Струга родени е 97 деца, а починати се 197 лица. Според ова во Охрид се бележи негативен природен прираст од 163, додека во Струга од 100.
Дека продолжува трендот на негативен природен прираст говорат податоците и од третиот и четвртиот квартал во 2021 година.
Во Охрид во четвртото тримесечје од 2021 година беа забелажани 104 живородени деца и 215 починати лица, додека во Струга 131 живородени деца и 116 починати. Според ова во Охрид природниот прираст изнесуваше -111, додека во Струга беше позитивен односно 15.
Во третото тримесечје, пак, од 2021 година, во Охрид беа регистрирани 111 живородени деца и 159 починати лица, од кои 1 доенче. Статистички, во овој период во Охрид имаше природен прираст од – 48. Во Струга, пак, регистрирани беа 138 живородени деца и 189 починати лица со што природниот прираст беше – 51.
Во првото тримесечје од 2022 година на ниво на држава се склучени 2 468 бракови, и нивниот број е помал за 8.4% во споредба со истиот период од 2021 година. Во истиот период добиени се 459 извештаи за разведени бракови.
Во Охрид склучени се 40 бракови, а добиени се 18 извешати за развод, додека во Струга склучени се 91 брак, а забележани се 25 разводи.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС













