Продолжува несовесното однесување на граѓаните во поглед на депонирање на отпадот. И покрај претходните апели од ЈП „Охридски Комуналец“ граѓаните да бидат совесни и да не депонираат кабаст и зелен отпад кај ќе стигна сепак секојдневно се соочуваат со отпад расфлен до контејнерите или во нив.

Апелираме до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите! Да ги следат објавите на социјалните мрежи кога се подига во која населба и улица кабаст и зелен отпад или да пријават на телефонските дежурни броеви 075 495 428 и 075 397 944, велат од претпријатието.

Продолжува несоодветното депонирање на кабаст и зелен отпад од страна на граѓаните

ЈП „Охридски Комуналец“ изминатиот период имаше реализирано повеќе акции токму за подигнување на зелен и кабаст отпад во повеќе делови од градот, а истите ќе продолжат и во иднина.

OhridNews