Продолжува несоодветното депонирање на кабаст и зелен отпад и покрај сите апели и акции на ЈП Охридски Комуналец, свеста сеуште на ниско ниво.

Од претпријатието велат дека сликите со кои секојдневно се соочени на секој чекор, во секоја урбана заедница и приградска населба, претставуваат проблем во реализирање на нивните редовни активности.

Од непотребната покуќнина и зелен отпад, несовесни граѓани се ослободуваат расфрлајќи го отпадот насекаде, огрдувајќи ги јавните површини и не помислувајќи за последиците и целокупната хаотична слика по околината, потенцираат.

Посочуваат дека интервенирано е неколку локации, меѓу нив ул. „Питу Гули“, „Сирма Војвода“, „7-ми Ноември“, „Егејска“, „Ариф Мустафа“, „Дејан Војвода“, Булевар „Туристичка“, „Илинденска“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“, населбите Даљан и Свети Стефан.

Во текот на вчерашниот ден од село Трпејца беа подигнати 12м3 кабаст и зелен отпад, а утре ваква акција ќе се реализира во с.Љубаништа. Апелираме до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите, а на располагање им стојат дежурните телефони 075 495 428 и 075 397 944, додаваат од претпријатието.

OhridNews