Со зголемување на температурите, деновиве екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ продолжија со акцијата за миење на охридските улици пред претстојните празници.
– Деновиве се миеше централното градско подрачје а во наредиве ќе се продолжи и со периферните улици додека дозволуваат температурните услови.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму додаваат дека во изминатиот период, на терен се ангажирани сите екипи од ова јавно претпријатие со цел хигиената во градот да биде на високо ниво.
OhridNews